Ертел поднесе тужба против Барселона

Ертел поднесе тужба против Барселона

пред 6 часа

Искусниот француски кошаркар Томас Ертел покренал судска постапка против Барселона. Кошаркарот бара отштета од 1.600.000 евра на име на трансферот што пропадна во последен момент, дознава „Мундо Депортиво“.

Сè се случи во првите денови од тековната календарска година, кога Ертел практично се договорил за сите услови со Барселона, но веднаш по слетувањето во Каталонија, го пречекале непријатни вести бидејќи клубот го прекршил својот збор.

За да ја прифати понудата од Барселона, Ертел го одбил Асвел поради што и решил да го тужи клубот од Каталонија.

Од друга страна, Барселона инсистира дека не е формализиран никаков договор меѓу двете страни, односно дека нема докази дека клубот го измамил играчот. Овие тврдења кошаркарот ќе мора да ги докаже на суд.

Како што е наведено, првото рочиште треба да биде закажано наскоро.

Share
Scroll to Top