Еспањол зема бод кај Бетис во 97. минута

Еспањол зема бод кај Бетис во 97. минута

пред 3 години

Еспањол успеа да стигне до нерешен резултат на денешното гостување кај Реал Бетис во рамки на петтото коло во Ла Лига. Дуелот на стадионот во Севилја кој се одигра пред 30.000 гледачи заврши со резултат 2-2.

Гостите први дојдоа до предност преку Видал во 16 минута, на асистенција на Де Томас.

Бетис направи целосен пресврт во финишот на првиот дел. Најпрво Вилијан Хосе во 41 минута израмнува на 1-1, а во четвртата минута од продолжението на првото полувреме Фекир погоди на асистенција на Белерин.

Во 78 минута Пецела беше исклучен, па домашните беа сконцентрирани на чување на својот гол.

Сепак, во 97 минута гостите преку Кабрера стигнаа до 2-2.

Бетис сега е 11-ти на табелата со 6 бодови, додека Еспањол досега собра само 3.

Share
Scroll to Top