Еуроспорт: Тотенхем има две решенија доколку замине Мурињо

Еуроспорт: Тотенхем има две решенија доколку замине Мурињо

пред 3 години

Тотенхем со Жозе Мурињо, о еден момент беа на челната позиција во Премиер лигата, но во 25.коло ќе влезат од деветтото место. Барем засега позицијата на Мурињо во клубот е стабилна, меѓутоа првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, до крајот на сезоната треба да реши дали ќе го задржи Португалецот на клупата, или во наредното првенство Спарси ќе влезат со нов менаџер.

„Еуроспорт“, објави дека Леви, доколку не го задржи Мурињо, во главата има две опции за нов менаџер. Наводно, не го не ми пречеле толку резултатите, колку што му пречи статусот што го имаат Герет Бејл и неговиот омилен играч Деле Али.

Кога станува збор за желбите на Леви за нов тренер, тука има само две имиња, Јулијан Нагелсман и Брендан Роџерс.

Нагелсман одлично си ја врши работата во Лајпциг, но тој често се поврзува со Реал Мадрид, додека Роџерс воспостави ред во Лестер, и досега два пати ја одбил понудата на Леви да се пресели во Тотенхем.

Share
Scroll to Top