РК Еурофарм Пелистер, објави дека тренерот Жељко Бабиќ е позитивен на коронавирусот. Клубот соопшти дека тестот е направен пред патувањето во Магдебург.
„Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин. Наместо него екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески“, соопшто клубот.
Бабиќ ќе ги пропушти и натпреварите против Младост Богданци (Куп) и Татран Прешов (СЕХА лига).