Ефес, конечно, со прва победа оваа сезона

Ефес, конечно, со прва победа оваа сезона

пред 4 години

Анадолу Ефес стигна до убедлива 93:72 победа на гости кај АЛБА Берлин за во третото коло на Евролигата да ја остварат првата победа.

Лидер на тимот беше Тибор Плајс со 23 поени со 6 скока и една асистенција, Василије Мициќ имаше 13 поени и 13 асистенции, Брајант Данстон додаде 13 поени, за Ефес да стигне до 53:35 водство на полувреме.

АЛБА се обиде да стигне до камбек во последната третина и ја намали предноста на 15 поени, но не успеаја да стигнат до реална можност. Маркус Ериксон имаше 13 поени, Нилс Гифи додаде 12 поени.

Жалгирис пак, успеа да стигне до импресивна 75:69 победа на гости кај Црвена звезда, со фантастична игра во одбраната, посебно во последната четвртина. Лукас Лекавичиус имаше 16 поени и 4 асистенции, додека кај домаќините Лојд уфрли 19, а Волден и Давидовац по 11 поени.

ЕВРОЛИГА, 3.КОЛО

Црвена звезда – Жалгирис Каунас 69:75 (19:19, 14:20, 27:23, 9:13)

Алба Берлин – Анадолу Ефес 72:93 (14:29, 21:24, 20:17, 17:23)

Валенсија – Барселона 66:71 (19:16, 16:17, 9:21, 22:17)

Асвел Лион – Панатинаикос одложено

Басконија – Зенит Санкт Петерсбург одложено

Share
Scroll to Top