Жан Тод е еден од ретките луѓе кои редовно го посетуваат Михаел Шумахер. Легендата на Формула 1, освојувачот на седум шампионски титули, се здоби со тешки повреди на глават, на 29.декември 2019 година, на скијање во француските Алпи.
Од тој момент, семејството успеа успешно да го изолира од светот. Тод е еден од ретките кои може на фановите да им сподели што се случува со Шумахер.
„Многу време поминав со неговата сопруга Корина. Таа е една сјајна жена, која го води семејството. Се се случи ненадејно и немаше друг избор. Тоа одлично го прави. Имам доверба во неа и таа во мене“, рекол Тод за „Билд“.
Потоа тој проговорил и за здравствената состојба во која се наоѓа Михаел Шумахер.
„Благодарение на лекарите и соработката со Корина, која се обидуваше да преживее, тој остана жив. Сепак, останаа последиците од несреќата. Во моментов тој се бори со тие последици. Се надевамд ека наскоро работите ќе тргнат кон подобро“.