Жан Тод: Шумахер ќе оздрави, но со последици

Жан Тод: Шумахер ќе оздрави, но со последици

пред 3 години

Во очекување на документарниот филм за Михаел Шумахер, за состојбата на седумкратниот Ф1 шампион, проговорил неговиот поранеше шеф во Ферари, Жан Тод.

Шумахер, доживеа тешка несреќа на 29.декеври 2013 година, додека скијал на француските Алпи. Од тој момент, во јавноста се појавуваат многу малку информации за неговата здравствена состојба.

Познато е само дека Шумахер се лекува во својот дом и дека за него се грижи сопругата Корина.

Тод тврди дека здравствената состојба на Шумахер се подобрува.

„Неговата здравствена состојба, полека но сигурно се подобрува. Поминав долго време со Корина. Таа е сјајна жена, го води беспрекорно целото семејство. Благодарение на Корина и благодарение на големата посветеност на лекарите, Михаел преживеа, но со последици“, рекол Тод.

За состојбата во која се наоѓа проговорил Германецот и поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон.

„Тој во моментов не е со нас. Ќе оздрави и потоа ќе може да одговори на сите прашања“, рекол Еклстон.

Share
Scroll to Top