Габриел Жесус кариерата ќе ја продолжи во Арсенал, тврдат англиските медиуми. Арсенал, биле подготвени да испрата поголема понуда за Бразилецот од првичната, која изнесуваше 35 милиони евра.
Габриел Жесус никогаш не успеа да се избори за место во стартниот тим на Пеп Гвардиола. Свесен дека со доаѓањето на Ерлинг Халанд ќе падне во втор план решил да го нашушти Манчестер сити.
„Тајмс“ пренесува дека дека трансферот на бразилскиот напаѓач во Лондон наскоро ќе биде комплетиран. Арсенал решиле да ги исполнат барањата на Манчестер Сити и да понудат речиси 60.000.000 евра.
Тоа практично значи дека Манчестер Сити ќе го исплати вложеното во трансферот на Халанд.
Жесус влезе во последната година од договорот, конкуренти за неговиот потпис на Арсенал можат да му бодат градските ривали Тотенхем и Челзи.
Минатата сезона Жесус ја заврши со 13 гола и 12 асистенции.