Нејмар е меѓу 26-те играчи кои ќе го претставуваат Бразил на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кое започнува на 11 јуни.
Тоа е вест што ги воодушеви сите во земјата на петкратниот светски шампион. Сепак, некои навивачи беа шокирани од отсуството на голема ѕвезда.
Жоао Педро, напаѓачот на Челзи, кој и покрај лошите резултати на тимот, има одлична сезона зад себе, не е на списокот.
Тој постигна 20 гола и шест асистенции во Премиер лигата оваа сезона, но дури ни тоа не беше доволно да ја добие довербата на селекторот Карло Анчелоти.
Статистички гледано, одлуката предизвика дополнителни контроверзии. Само тројца играчи постигнаа повеќе голови во најсилната лига во светот оваа сезона, а ако се исклучат головите од пенали, само Ерлинг Халанд е пред него.
Тренерот Карло Анчелоти призна по објавата дека не му било лесно да донесе таква одлука.
„Жал ни е за Жоао Педро. Со оглед на сезоната што ја имаше во Европа, веројатно заслужуваше повик, но се одлучивме за други играчи“, заклучи славниот Италијанец.
Анчелоти на Мундијалот носи деветмина напаѓачи, но само двајца од нив се класични „деветки“, Ендрик и Игор Тијаго.
Напаѓачи: Ендрик (Лион), Габриел Мартинели (Арсенал), Игор Тиаго (Брентфорд), Луис Хенрике (Зенит), Матеус Куња (Манчестер Јунајтед), Нејмар (Сантос), Рафиња (Барселона), Рајан (Борнмаут) и Винисиус Жуниор (Реал Мадрид).
Foto/ Depositphotos






