„Жолтата подморница“ води во Гдањск – Морено ги шокираше „ѓаволите“

„Жолтата подморница“ води во Гдањск – Морено ги шокираше „ѓаволите“

пред 5 години

Вилјареал има 1:0 предност против Манчестер јунајтед во финалето на Лига Европа, откако Жерард Морено го постигна својот 30. гол оваа сезона за тимот на Унаи Емери за неочекувано водство на аутсајдерот.

Јунајтед имаа поголем посед на топката и повеќе се играше на половината на шпанскиот клуб, но без вистинска шанса пред нивниот гол, за во 29. минута по нафрлањето од слободен удар на Дани Парехо, одбраната на Јунајтед да го остави Морено сам пред голот.

Share
Scroll to Top