Жоржињо промашува 3 пенали во низа – го загрози патот на Италија кон Катар!

Жоржињо промашува 3 пенали во низа – го загрози патот на Италија кон Катар!

пред 2 години

Искусниот фудбалер од средниот ред – Жоржињо со серијата промашувања од белата точка сериозно го загрози директниот пласман на Италија на Мундијалот во Катар. Синоќа на „Олимпико“ тој ја презема одговорноста во 90 минута, но топката ја испрати високо над пречката од голот на Сомер.

Поради пропуштената шанса против Швајцарија (1-1) „Азурите“ ќе мора во Северна Ирска да одлучуваат за својата судбина. Засега им оди во прилог гол разликата која одлучува за пласманот, тие имаат +11, а Швајцарија +9.

Но нема да се спокојни во Белфаст затоа што Швајцарците на свој терен ја пречекуваат отпишаната Бугарија.

Жоржињо серијата промашувања од 11 метри ја започна уште во финалето на ЕУРО 2020 кога Џордан Пикфорд го прочита во петтата серија.

Фудбалерот кој ги брани боите на Челси ужасно го изведе пеналот и на првиот дуел со Швајцарија во овие квалификации, на „Сент Јакоб“, мечот заврши 0-0.

Синоќа тој можеше да ги реши дилемите околу патникот во Катар, но повторно неуспешен против Јан Сомер.

„Промашивме пенал во првиот меч, а сега и во вториот. Такви работи се случуваат. Жоржињо сакаше да шутира и беше во право – тој е еден од нашите изведувачи на пенали“ рече селекторот Манчини по мечот.

Жоржињо во кариерата шутирал 38 пенали, од нив 32 успешно. Сепак, минатата и оваа година има дури 5 промашувања.

Лани промашуваше против Ливерпул, Арсенал и Краснодар, во дресот на Челси.

Share
Scroll to Top