„Заборавениот“ Иско 80 секунди си ја местеше косата пред да влезе во игра!

„Заборавениот“ Иско 80 секунди си ја местеше косата пред да влезе во игра!

пред 3 години

Ситуацијата на Иско во Реал Мадрид не е најдобра подолго време, а ситуацијата од вчерашниот меч против Хетафе не оди во корист на шпанскиот фудбалер, откако видеото го „фати“ како дури 80 секунди си ја мести косата додека тренерот на „кралевите“, Грегори Дупон го чека за да почне со загревањето за да може да влезе во игра.

При 2:0 резултат и на 15 минути пред крајот, Зинедин Зидан, кој беше обвинуван дека го „мрази“ Шпанецот, реши да го постави во игра. Додека тренерот Дупон го чекаше, Иско немаше проблем да се „влечка“ и покрај неговите коментари.

Шпанските медиуми коментираат дека ова е последниот „пад“ на Иско.

Share
Scroll to Top