Заврши Мундијалот за Нико Шлотербек?

Заврши Мундијалот за Нико Шлотербек?

пред 6 часа

Фудбалската репрезентација на Германија го победи Брегот на Слоновата Коска со 2:1 со головите на Дениз Ундав. Екипата на Јулијан Нагелсман собра шест бода, обезбеди пласман во нокаут фазата, но остана без ценгтрален дефанзивец.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, почувствува проблем со левата нога веќе по 13 минути, откако се судри со Амад Дијало. Лекарите му ставија мраз на глуждот и тој стисна заби до крајот на полувремето.

Но, на почетокот од второто полувреме, играчот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер, влезе на негово место.

„Засега не изгледа добро“, рече селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, кога новинарите го прашаа за повредата на Шлотербек.

Шлотеберг има тешка историја на повреди. Пред една година, го скина менискусот и направи долга пауза. Според првите прогнози, ова би можело да биде крајот на Светското првенство за него.

Шлотербек вреди 55 милиони евра според „Трансфермаркт“. Минатата сезона тој беше стандарден за тимот на Борусија, настапи на 37 натпревари и постигна пет гола.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top