Заврши регуларната сезона во Евролигата

Заврши регуларната сезона во Евролигата

пред 2 часа

Вечерва заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига. Шест екипи директно изборија место во четвртфиналето, а четири ќе разигурваат за последните две места.

Вечерва победи забележаа Панатинаикос, Монако и Барселона. Овие тимови се пласираа од седмата до деветтата позиција, на 10-то место е Црвена звезда.

Панатенаикос ќе игра пртив Монако, победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе игра против Валенсија. Поразениот за осмата позиција и дуел со првопласираниот Олимпијакос во четвртфиналето, ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Барселона и Црвена звезда.

Плеј ин дуелите се играат на 21 април, а вториот меч победникот од Барселона-Црвена звезда и поразениот од ПАО-Монако на програмата е в петок на 24 април.

Познати се и две четвртфиналени двојки, актуелниот шампион Фенербахче, од четвртата позиција ќе игра против петтопласираниот Жалгирис, додека третопласираниот Реал Мадрид, за противник во четвртфиналето го доби шестопласираниот Хапоел Тел Авив.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top