Заглави трансферот на Џеко во Интер, поради плата за јули од 400.000 евра

Заглави трансферот на Џеко во Интер, поради плата за јули од 400.000 евра

пред 3 години

Един Џеко (35) по 6 сезони во кои одигра 260 меча и постигна 119 гола ќе си оди од Рома. Речиси се е договорено за негов трансфер во Интер, а Рома во знак за благодарност кон него, го пушта без отштета иако има уште една година од договорот.

Но, сега трансферот на Џеко заглави помеѓу него и Рома, поради неисплатената плата за минатиот месец.

Од клубот одбиваат да му ја исплатат платата (се работи за 400.000 евра), па како што пишува „La Gazzetta dello Sport“ директорот на Рома, Тијаго Пинто побарал Џеко да покаже благодарност што го пуштаат без отштета во таборот на „Нероазурите“.

Поради оваа кавга, Интер е најпогоден, затоа што пред реализицијата на трансферот репрезентативецот на БиХ не може да тренира со новите соиграчи.

Инаку, Џеко потпишува двегодишен договор со Интер за годишна плата од 6 милиони евра плус бонусите.

Share
Scroll to Top