Закажан реваншот – Усик и Џошуа ќе се борат во Џеда

Закажан реваншот – Усик и Џошуа ќе се борат во Џеда

пред 2 години

Реваншот меѓу Олександр Усик и Ентони Џошуа официјално е закажан за 20. август во Саудиска Арабија.

Украинецот (35) минатиот септември го изненади Британецот и со тоа ги презеде појасите на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија.

Борбата наречена „Бес на Црвеното Море“ ќе се одржи во градот Џеда.

„Имам цел, со Божја помош ќе ја завршам мисијата“, рече Усик, додека Џошуа борбата ја нарече „средба со историјата“.

„Среќен борец е опасен борец, а јас сум најсреќниот и најмотивираниот досега“.

Усик е непоразен во 19 професионални борби, иако најмногу се бореше во крузер категорија, додека Џошуа пред поразот од Усик, доживеа пораз и од Енди Руиз во 2019 година.

Share
Scroll to Top