Застрелан поранешен играч на Хајдук и Риека

Застрелан поранешен играч на Хајдук и Риека

пред 2 месеци

Марио Мештровиќ, поранешен фудбалер, бил застрелан во четвртокот вечерта во Винковци и ранет во ногата, јавуваат хрватските медиуми.

Непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон 54-годишниот Маријо Мештровиќ, поранешен играч на Хајдук, Риека и Цибалија. Напаѓач со фантомка на главата го пресретнал кога излегувал од спортската сала во Винковци и пукал во него.

Мештровиќ е префрлен во болница и е надвор од животна опасност. Полицијата започна опсежна потрага по напаѓачот.

Во текот на кариерата Мештровиќ играше за Цибалија, Хајдук Сплит, Депортиво Алавес, Хапоел Тел Авив, Хапоел Кфар Саба, Хапоел Ерусалим и Риека.

На официјалниот сајт на Хајдук се наведува дека Мештровиќ постигнал осум гола на 85 настапи за клубот.

Share
Scroll to Top