За да го вратат Меси Барса во касата треба да внесе 100 милиони евра

За да го вратат Меси Барса во касата треба да внесе 100 милиони евра

пред 1 година

Сагата околу враќањето на Лионел Меси во Барселона доби нова димензија. Шпанските медиуми, тврдат дека Ла Лига го известила клубот кои услови треба да бидат исполнети за да може да го регистрира Аргентинецот.

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас е исклучително отворен за враќање на Меси, но сака се да биде според правилата.

Барселона ќе мора да инкасира 100 милиони евра од продажба на играчи до 1 јули.

Пресекот на финансиската година е од 1 јули до 1 јули, а за да може Барса да функционира според својот план и програма во следната сезона, треба да ги подмири сметките со приходи од 100 мил. евра.

Во овој момент е познат списокот на недопирливи, оние кои можат веднаш да си заминат, а има и играчи кои би можеле да заминат, но само во случај на некоја мегаломанска понуда.

Ансу Фати, Феран Торес и Франк Кеси се играчи од чии трансфери клубот би можел да заработи. Прашање е само дали нивните трансфери Барселона ќе може да ги заврши до 1 јули. Уште поголем проблем за клубот е што ниту еден одо овие тројца не сака да го напушти „Ноу Камп“.

Поради ова се добива впечаток дека заминувањето на Рафиња е се пореална опција.

Бразилецот наводно се предомислил и доколку клубот му каже дека нема да биде во преден план, особено поради Меси и Дембеле, тој е подготвен за трансфер. Барса за него бара 80 милиони евра, а најголем интерес покажаа Челзи и Њукасл.

Со неговиот трансфер Барса би решила 80% од проблемите.

Сигурно е дека Барса ќе ги слушне понудите за Маркос Алонсо и Ерик Гарсија, но јасно е дека овие двајца немаат голема вредност на трансфер пазарот.

Share
Scroll to Top