За да не оди во Ливерпул: Гвардиола го сака Мекалистер во Манчестер Сити

За да не оди во Ливерпул: Гвардиола го сака Мекалистер во Манчестер Сити

пред 11 месеци

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е заинтересиран во тимот да го доведе фудбалерот на Брајтон и аргентински репрезентативец Алексис Мекалистер.

Медиумите на Островот потсетуваат дека челниците на Брајтон со недели преговараа со раководството на Ливерпул околу трансферот на Мекалистер на „Енфилд Роуд“, но сега во трката се вклучи и Сити.

Гвардиола е воодушевен од квалитетите на Мекалистер и сака „граѓаните“ да се обидат да го спречат трансферот на аргентинскиот фудбалер во Ливерпул. Шпанскиот стратег смета дека Мекалистер би бил идеална опција во ротацијата на Манчестер Сити доколку клубот го напуштат Илкај Гундоган или Бернардо Силва.

Мекалистер оваа сезона постигна 12 гола на 38 натпревари во сите натпреварувања, а лани со Аргентина во Катар ја освои титулата на Светското првенство.

Share
Scroll to Top