Најдобриот снукер играч на сите времиња – Рони О’Саливен со моќна изјава му оддаде почит на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Познато е дека Рони го сака тенисот, а бидејќи легендата на снукерот Џими Вајт ја спореди неговата игра со Роџер Федерер, Рони мораше да реагира.
„Федерер, Надал, Ѓоковиќ – отсекогаш сум сакал да ги гледам. Тие се тројца од најдобрите на сите времиња. За мене Ѓоковиќ е крал на сѐ. Без разлика дали сте фудбалер, играч на голф или хокеј, сите се угледуваат на Ѓоковиќ. Посакувам да можам на маса да го правам тоа што го прави Ѓоковиќ на теренот“, изјави О’Саливен.
Славниот Рони седум пати беше светски шампион, освојуваше турнири, но имаше и свои пороци и падови.
Победата на Светското првенство во 2020 година му ја посвети на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
„За да ја освојам оваа титула морам да бидам како Новак Ѓоковиќ. Тој е ужасно доследен, прави се многу добро и не ви дава ништо. Тој не е најграциозниот тенисер, го нема тој сјај на Роџер Федерер или оној форхенд на Рафаел Надал… Но, сè е таму од почеток до крај и неговата форма не паѓа многу. Тој секогаш игра на високо ниво. Си реков дека за да победиш овде во Шефилд треба да ја имаш таа сила и стабилност“, објасни О’Саливен во 2020 година.