Во новата ера на модерниот фудбал има голем број фудбалски клубви кои водат лоша трансфер политика, еден од нив секако е и премиерлигашот Вест Хем.
Лондонскиот клуб во овој преоден рок го доведе Џеред Боуен од Хул Сити за 22 милиони евра, а 24-годишниот Англичанец е 49-тиот напаѓач кој клубот го довел од 2010. до сега, откако сопственици се Дејвид Голд и Дејвид Саливен.
Но Вест Хем тука не запира, го сакаат во клубот и 24-годишниот напаѓач на француски Ремс, Булаие Диа кој сезонава на 18 меча има 12 гола. Неговиот трансфер би чинел околу 20 милиони евра, а тој ќе е 50-тиот напаѓач во ерата на Голд и Саливен.
Во превод, сопствениците на клубот во секоја од изминатите 11 години купуваат во просек по 4 или 5 напаѓачи во сезона, а досега на тој план потрошиле 250 милиони евра.
Низ лондонскиот клуб продефилираа напаѓачи од типот на Хосам Мидо, Бени Меккарти, Младен Петриќ, Мајкл Антонио и Себастијан Хелер. Последниов од Ајнтрахт во 2019. дојде за 45 милиони евра и стана најскап играч во историјата на клубот. Постигна само 14 гола и ги излудуваше навивачите со промашувањата.
За 250 милиони евра колку што чинеа овие 49 напаѓачи Вест Хем добил повратно 289 гола или во просек помалку од 6 од играч.