Звезда носи шутер од Зенит, се „крчка“ и трансфер на центар од НБА лига

Звезда носи шутер од Зенит, се „крчка“ и трансфер на центар од НБА лига

пред 3 години

Американскиот кошаркар, Остин Холинс е новото засилување за белградска Црвена Звезда.

Холинс е 29-годишник кој не заигра во НБА лигата, но претходните две сезони имаше значајна улога во руски Зенит.

Со тимот во Евролигата во сезоната 2019/2020 имаше просек од 10 поени, 1,5 асистенции и 1,5 украдени топки по меч. Минатата сезона, пак, просекот на постигнати поени во дресот на Зенит во елитното натпреварување му беше 8,2 и прецизност за „тројка“ од 40%.

Информациите од „црвено-белио“ табор се дека веќе е договорено во Белград да пристигне и Грег Монро, 31-годишен американски центар кој во 2010 година беше избран како седми пик на НБА драфтот.

Монро пет сезони помина во дресот на Детроит Пистонс, а настапуваше и за Милвоки, Феникс, Бостон, Торонто и Филаделфија.

Share
Scroll to Top