Звезда со минимален пораз на гостувањето во Казахстан

Звезда со минимален пораз на гостувањето во Казахстан

пред 3 години

Српскиот фудбалски шампион – Црвена Звезда доживеа пораз во Казахстан, кај тамошниот шампион, тимот на Каират со 2-1 во рамки на второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Иако „црвено-белите“ покажаа квалитет, сепак домаќините во пресудните моменти покажаа поголема одлучност, па во Белград носат еден гол предност.

Првиот гол на мечот падна во 24 минута. Хосе Канте одлично реагираше по еден центаршут од десната страна и донесе домашна предност 1-0.

Во второто полувреме Звезда тргна посилно кон голот на голманот на Каират. Во 58 минута стигна израмнувањето, со автоголот на дефанзивецот во домашната екипа, хрватскиот интернационалец Дин Микановиќ. Иваниќ и Гајиќ комбинираа, а по неспретната интервенција на Микановиќ, мрежата на Каират се затресе за 1-1.

Голот кој носи предност за казахстанскиот тим пред реваншот во Белград е дело на Маки Бањак во 79 минута, кој е поранешен играч на Партизан.

Share
Scroll to Top