Звезда со „петарда“ за Академија Пандев во Анталија

Звезда со „петарда“ за Академија Пандев во Анталија

пред 3 години

Фудбалерите на белградска Црвена Звезда со високи 5-0 славеа победа на подготвителниот дуел против стручичка Академија Пандев во Анталија (Турција).

Дејан Станковиќ не го изнесе најсилниот состав, но и оние играчи кои се најдоа во неговиот ростер за овој дуел беа пресилни за македонскиот преставник.

Долго време Звезда не можеше да го разбие бункерот на струмичани, а тоа му успеа на Милан Павков во 40 минута.
На почетокот на вториот дел, во 54 минута Николиќ зголеми на 2-0. Овој резултат беше актуелен се до 71 минута кога со голот на Иваниќ фаворитот на овој меч стигна и до 3-0.

Последните два гола кои беа дело на Фалчинели беа постигнати во последните 10 минути од средбата. Во 84 минута Италијанецот зголеми на 4-0, а во 88 минута ги постави конечните 5-0.

Share
Scroll to Top