Зверев: Не можам да поверувам што направив во Токио

Зверев: Не можам да поверувам што направив во Токио

пред 3 години

Германскиот тенисер Александер Зверев се радува што ќе игра на Мастерсот во Синсинати за подобро да се подготви за САД опен.

Олимпискиот шампион од Токио многу лошо игра на овој турнир уште од почетоците на неговата кариера – одигра 6 меча и сите 6 ги загуби. Вели дека е време да се прекине оваа низа.

„Сакам да ја прекинам негативната низа и да стекнам самодоверба пред САД опен. Многу сум возбуден затоа што ќе играм пред навивачи, тоа е сјајна работа“ вели Зверев.

По златниот медал на ОИ во Токио, одлучи малку да одмори.

„Се е се уште нестварно, не можам да поверувам што направив во Токио. Освојувањето на златниот медал за мене е нешто неверојатно, тоа е сензација, многу од тенисерите не успеале тоа да го сторат во кариерата. Сега морам да заборавам на сето тоа и да продолжам со натпреварите. Се одморив две недели и гладен сум за нови успеси. Сакам да продолжам да победувам. Целта ми е да го освојам Синсинати и да одиграм добро во Њујорк, да покажам дека сум еден од најдобрите“ – вели германскиот ас.

Share
Scroll to Top