Реал Мадрид и Челси одиграа нерешени 1-1 на првиот меч од полуфиналето во ЛШ, а Кралскиот клуб ќе има многу проблеми во реваншот во среда во Лондон. Одбраната на Зинедин Зидан ќе биде без Рафаел Варан.
Проблем за францускиот репрезентативец е болка во мускулот поради кој беше заменет на мечот против Осасуна, а по деталните прегледи беше востановено дека тој нема да може да помогне против „сините“. Во тимот ќе ги нема ниту Дани Карвахал, односно Федерико Валверде.
Ова отвора простор на позиција централен дефанзивец да се појави капитенот Серхио Рамос кој се опорави од повредата, но прашање е во каква форма се наоѓа.
Real Madrid confirm an adductor injury to Raphael Varane which is set to rule him out of Wednesday’s #UCL semifinal.
Sergio Ramos could return from injury to face Chelsea but has only played 125 minutes for Real Madrid since the middle of January. pic.twitter.com/CmL9iRXwE5
— B/R Football (@brfootball) May 3, 2021