Зидан загрижен, има премногу повредени играчи

Зидан загрижен, има премногу повредени играчи

пред 4 години

Реал, вчера, без многу напор забележа победа над Валенсија од 2:0, меѓутоа тренерот Зинедин Зидан наместо да ужива во победата се соочи со уште еден повреден играч.

Дани Карвахал, по пауза од седум натпревари се врати во тимот, одигра 25 минути и потоа го напушти теренот.

Од почетокот на сезоната, Карвахал, вкупно 100 дена бил на рехабилитација. Сигурно е дека ќе го пропушти првиот осмина-финален натпревар против Аталанта во Лигата на шампионите.

„Не знам кои се причините за бројните повреди, загрижен сум. Жал мие за Карвахал, играше добро. Тој е важен за нашата игра. Не можам да ги објаснам бројните повреди“, рекол Зидан.

Карвахал на листата на повредени им се приклучи на Серхио рамос, Едер Милитао, Еден Азар, Алваро Одриозола, Феде Валверде, Марсело и Родриго.

Share
Scroll to Top