Зидан нема намера да биде тренер на Манчестер јунајтед

Зидан нема намера да биде тренер на Манчестер јунајтед

пред 3 години

Зинедин Зидан не сака да биде менаџер на Манчестер јунајтед, тврдат француските и англиските медиуми. Името на поранешниот тренер на Реал Мадрид, медиумите го поврзуваа со „црвените ѓаволи“.

Зидан има намера да ја преземе француската репрезентација по завршувањето на Светското првенство во Катар. Поради тоа тој не бил заинтересиран за менаџерската позиција во Манчестер јунајтед, тврди францускиот новинар, Жилијен Лорен.

Неможноста да го ангажираат Зидан, ги натерала клупските челници да не му врачау отказ на Оле Гунар Солскјер.

Неколку медиуми од Англија, денес објавија дека тој сигурно ќе го предводи Јунајтед, во сабота, против Тотенхем.

Share
Scroll to Top