Зидан: Роналдо назад во Мадрид? Можеби!

Зидан: Роналдо назад во Мадрид? Можеби!

пред 3 години

Иако претходно изјавуваше дека не сака да коментира фудбалери на други клубови, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сега најавува дека е можно „кралевите“ да се обидат да го вратат Кристијано Роналдо од Јувентус ова лето.

Иднината на 36-годишниот Португалец беше под многу шпекулации по испаѓањето на Јувентус во Лигата на шампионите од Порто минатата недела, со најава дека „старата дама“ ќе се ослободи од Роналдо (и уште поважно од неговата превисока плата) за малку пари и Зидан сега признава дека е можно враќање во шпанската престолнина.

„Дали шпекулациите се вистина? Да, можеби се. Го знаеме Кристијано, знаеме што направил а Реал Мадрид. Ќе видиме што ќе донесе неговата иднина, бидејќи сега е фудбалер на Јувентус“, изјави Зидан за „Скај Италија“ пред утрешниот дуел со Аталанта во Лигата на шампионите.

Роналдо во девет години со Реал освои 15 трофеи, од кои два во Ла лига и четири во Лигата на шампионите, и стана нивниот најдобар стрелец со 450 гола во 438 мечеви.

Share
Scroll to Top