Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не сакал да ги коментира шпекулациите поврзани со евентуалниот трансфер на Килијан Мбпае.
Напаѓачот на ПСЖ, подолг период се поврзува со трансфер во Реал. Тој има договор со клубот до јуни 2022 година, а медиумите тврдат дека ги одбил сите понуди за продолжување на соработката до 2026 година.
„Светците“, во една ваква ситуација, ќе мора да го продадат Мбапе, за да можат да заработат од трансферот. Се претпоставува дека трансферот нема да биде помал од 150 милиони евра.
„Го познавам Килијан. Добро се познаваме. Сепак, тој не е мој играч и јас не можем да зборувам за шпекулациите. Допрва ќе видиме што ќе донесе иднината“, рекол Зидан.
22-годишникот, сезонава е најдобриот играч на ПСЖ, на 38 натпревари постигнал 32 гола и забележал девет асистенции.