Зиркзе се изрезили за сите пари

Зиркзе се изрезили за сите пари

пред 3 години

Џошуа Зиргзе има само 20 години и тј треба да ја претставува иднината на најславниот германски клуб, Баерн Минхен. На ова момче му предвидуваат блескава кариера, но она што го нарави денес, на пријателскиот меч со Ајакс, може да му ги затоври вратите на Баерн.

При резултат 1:1, во 43.минута, Зиргзе, направи нешто што не се простува. Беше сам пред голот на Ајкас, откако го мина голманот, но наместо да ја проследи топката во празната мрежа, тој сакаше со неа да влезе во голот, веројатно за да го понижи притивникот.

Додека се местеше, еден од играчите на Ајакс со лизгашки старт ја исфрли топката во корнер.

Натпреварот на крајот заврши без победник 2:2.

Share
Scroll to Top