Зијеш „турка“ за трансфер во Барселона

Зијеш „турка“ за трансфер во Барселона

пред 1 година

Хаким Зијеш е „очаен“ да се приклучи на Барселона во јануарскиот преоден рок и неколку пати се понудил на Блауграна во обид да „избега“ од Челси, тврди каталонскиот „Спорт“. 29-годишниот Мароканец стигна на „Стемфорд Бриџ“ од Ајакс во 2020 и има 97 настапи и 14 гола во премиерлигашот.

Но, во Челси тој не ги оствари големите очекувања очекуваа, а оваа сезона има само една асистенција во 14 настапи за премиерлигашот. Менаџерот Греем Потер е подготвен да дозволи негов трансфер, а во Барселона, кој беше „тивка“ во зимскиот преоден рок, има место по заминувањето на Мемфис Депај во Атлетико Мадрид. Од друга страна, на неговата позиција, Чави има дост опции во Дембеле, Фати, Рафињ и Торес.

Share
Scroll to Top