Златан Ибрахимовиќ во форма и на 44 години: видео од сауна ги воодушеви фановите

Златан Ибрахимовиќ во форма и на 44 години: видео од сауна ги воодушеви фановите

пред 1 ден

Шведската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ покажа дека годините за него се само бројка. Тој на социјалните мрежи објави видео снимено во сауна во природа, каде се релаксира во долна облека со поглед кон планински пејзаж.

Објавата веднаш стана вирална и собра повеќе од 140.000 лајкови, а коментарите беа преполни со пофалби за неговиот изглед: „Златан е жив оган“, „Изгледаш како да имаш 23 години“, „Викинг, легенда!“.

Ибрахимовиќ неодамна го прослави својот 44. роденден и ја продолжи традицијата да се награди со нов Ferrari, овојпат моделот F80, со што ја збогати својата импресивна колекција на спортски автомобили.

Share
Scroll to Top