Златан контра хокеарска легенда: Ако си добил пак во глава, не значи дека си добил памет

Златан контра хокеарска легенда: Ако си добил пак во глава, не значи дека си добил памет

пред 4 години

Златан Ибрахимовиќ никогаш не се „крие“ од пресметки со ривали, критичари и тие кои го потценуваат, како што покажува последната преписка преку медиумите со шведската хокеарска легенда Борје Салминг.

По враќањето во шведската репрезентација по пет години пауза на 39 години, Салминг сметаше дека не треба да му се дозволи да прави што сака на фудбалерот на Милан.

„Прво, сакам да сум јасен, го почитувам Златан за тоа што го прави, што е неверојатно, посебно на негова возраст. Но, не ми се допаѓа неговиот стил, неговите гестикулации и работите кои ги кажува кога нема да оставари нешто што посакува. Не можеш секогаш да го добиваш тоа што го сакаш и мораш да ги почитуваш другите. Не знам зошто го прави тоа. Не смее да му бидат дозволени сите работи само бидејќи е подобар од другите“, изјави Салминг за „Афтенбладет“.

Ибрахимовиќ реши да му одговори.

„Слушнав дека Салминг ја отворил устата и кажал нешто за моето однесување на теренот, но кога не го познаваш некој, не треба да зборуваш за него. Само бидејќи си добил пак во главата, не значи дека си ги правел вистинските работи. Нека се грижи самиот за себе“, одговори Ибрахимовиќ.

Share
Scroll to Top