Златан со „боцка“ до Запата: Имам повеќе голови отколку ти мечеви!

Златан со „боцка“ до Запата: Имам повеќе голови отколку ти мечеви!

пред 3 години

На Златан Ибрахимовиќ не му беше сеедно што беше во втор план зад Дуван Запата на „Сан Сиро“ по тешкиот 0:3 пораз од Аталанта, префрлувајќи му на колумбискиот напаѓач дека има повеќе постигнати голови отколку што тој има мечеви.

Колумбиецот постигна фантастичен гол во 77. минута за да стави точка на мечот, но Ибрахимовиќ не беше импресиониран од 29-годишниот Запата. Всушност, ветеранот е во право – Ибрахимовиќ има постигнато 498 гола во клупската кариера, додека Запата има 366 клупски настапи.

По мечот, Ибрахимовиќ беше остар кон своите соиграчи, велејќи дека титулата „зимски шампион“ (по 19 кола во Италија) не значи ништо.

„Многу работи тргнаа наопаку, не сакам да барам изговори, бидејќи по секој меч најважен е резултатот. Сега треба да се фокусираме на следниот меч. По 19 кола во кои загубивме само двапати не е толку лошо. Сепак, да си зимски шампион не значи ништо. Тешкото е пред нас“, изјави Швеѓанецот.

Аталанта го прегази Милан, кикс на Интер против Удинезе

Share
Scroll to Top