„Знам зошто Салах е несреќен и зошто не го сака Ливерпул“

„Знам зошто Салах е несреќен и зошто не го сака Ливерпул“

пред 3 години

Поранешниот репрезентативец на Египет, Мохамед Абутрика, тврди дека дека Мохамед Салах не се чувствува среќен во Ливерпул и дека е голема веројатноста да го напушти клубот.

Салах, во саботата постигна два гола против Кристал Палас и ја презеде првото место, на листата на најдобрите стрелци.

„Имав можност да разговарам со него, можам да ви кажам дека е вознемирен, но дека тоа нема да влијае врз неговите настапи за клубот“, рекол Абутрика во интервју за „beIN Sports“.

„Знам дека не е среќен во Ливерпул. Ми кажа и зошто не е среќен, но не сакам да зборувам сега за тоа. Една од причините зошто е лут е што не беше капитен на натпреварот со Митјиланд“.

Абутрика, смета дека неговиот пријател Салах, досега веќе ќе ја добиел Златната топка доколку играл за Реал или Барселона.

„Да игра на ова ниво во Реал или Барселона веќе ќе ја освоеше Златната топка. Нормално е што шпанските медиуми прашуваат за трансфер во еден од овие два клуба. Сметам дека Ливерпул ќе го продаде од чисто економски причини“, рекол Абутрика.

Салах е играч на Ливерпул од 2017 година. Ливерпул за неговиот трансфер на Рома и плати 42 милиони евра.

Share
Scroll to Top