Зошто Арсенал славеа со својот часовник?

Зошто Арсенал славеа со својот часовник?

пред 2 години

По новата победа, овојпат со 3:0 на гости кај Фулам, Арсенал направија уште еден чекор кон премиерлигашката титула, и на крајот ги изненадија сите со победничка фотографија од соблекувалната со својот славен часовник.

На фотографијата, тимот е во соблекувалната на „Крејвен котиџ“, околу часовникот, кој е копија на славниот часовник кој стоеше на „Клок енд“ делот на трибините на стариот стадион на „топчиите“, „Хајбери“, а сега има свое место на „Емирати“.

Прво се шпекулираше дека менаџерот Микел Артета го користел часовникот во своите говори пред мечот, но според „Дејли мејл“ се работи за долгорочен план на Артета гостинските соблекувални да бидат попријатни за неговите фудбалери. Во текот на сезоната, фотографии од грбот на Арсенал биле поставени во гостинските соблекувални, како и различни фотографии од минатото на тимот и поранешни фудбалери. Во неделата, првпат бил користен часовникот и затоа фудбалерите се фотгорафирале со него.

Планот на Артета е успешен – Арсенал имаат 11 победи во 14 гостински мечеви, а победата над Фулам беше петти гостински триумф во лондонско дерби, и тоа без примен гол.

Share
Scroll to Top