Зошто Сон Хеунг-Мин прославува со „фотографирање“?

Зошто Сон Хеунг-Мин прославува со „фотографирање“?

пред 3 години

Популарниот корејски напаѓач на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин има репутација на еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, но и на еден од најнасмеаните фудбалери кои било кога излегле на фудбалскиот терен. Можеби само Роналдињо повеќе се смеел додека играл фудбал.

Еден од најпрепознатливите моменти во неговата игра е прославата со камера со прстите, односно преправањето дека фотографира по головите. Зошто?

„Размислував за посебна прослава. Со камерата сакам да покажам дека кога ќе победам се работи за добро сеќавање. Како да ги фотографирам тие убави моменти во мојот ум. Не знам дали луѓето го сфаќаат тоа, но мислам дека се работи за убава прослава. Ќе видиме дали ќе продолжам“, вели Сон за „Скај спортс“.

Зошто секогаш е насмеан на теренот?

„Бидејќи го сакам фудбалот. Сакам што сум тука, што играм со моите соиграчи во овој фантастичен клуб“, вели Сон.

Share
Scroll to Top