Зубименди се кае што останал во Реал Сосиедад, во јануари се сели во Манчестер сити

Зубименди се кае што останал во Реал Сосиедад, во јануари се сели во Манчестер сити

пред 1 месец

Манчестер сити во зимскиот преоден рок ќе биде активен на пазарот, во обид да донесе замена за Родри, кој поради тешка повреда ја заврши сезоната.

Како што открива шпански „Релево“, Сити е подготвен да ја активира откупната клаузула од 60 милиони евра и да го доведе Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

Зубименди летово беше пред трансфер во Ливерпул, клубот од „Енфилд“ го извести Реал Сосиедад дека е подготвен да ја активира откупната клаузула од 60 милиони евра, но шпанскиот репрезентативец одби да го напушти Сан Себастијан.

Медумите во Шпанија тврдат дека Зубименди се кае што донел ваква одлука. Реал Сосиедад летово го напуштија Микел Мерино и Робин Ле Норман, а клубот не донесе адекватни засилувања, поради што во првите девет кола Реал Сосиедад освои само 10 бода.

Зубименди би бил замена за Родри, а подоцна и алтернатива, особено ако се земе предвид дека Матеус Нуњез не ги оправда очекувањата, а Кевин Де Брујне и Илкај Гундоган наредното лето веројатно ќе си заминат од „Етихад“.

Share
Scroll to Top