Иако го нарече „змија“, Ањели уште го почитува Чеферин: Тој е кум на мојата ќерка

Иако го нарече „змија“, Ањели уште го почитува Чеферин: Тој е кум на мојата ќерка

пред 3 години

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели вели дека односите со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин „секогаш биле на одлично ниво“ и верува дека времето ќе ги залечи раните, откако по фијаското со Суперлигата, Чеферин го нарече Ањели „змија“.

На презентацијата на новиот генерален директор на тимот, поранешниот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене и на новиот спортски директор, Федерико Керубини, Ањели, кој беше еден од лидерите на Суперлигата вели дека нема проблем кој не може да се надмине.

„Секогаш сум имал одлични односи со претседателот Чеферин и продолжувам да му се восхитувам како личност. Кога работиш во бизнисот, знаеш што значи да потпишеш договор за доверливост, кој те става во позиција да не комуницираш за работите со кои работиш. Мислам дека со повлекувањето од сите позиции реагирав на најкоректен начин. Алекс останува личност која ја има појата почит и останува кум на мојата ќерка. Сигурен сум дека времето ќе ги надмине сите недоразбирања“, вели Ањели.

Share
Scroll to Top