„Иако не играше, Арнаутовиќ најмногу ја славеше ЛШ титулата на Интер“

„Иако не играше, Арнаутовиќ најмногу ја славеше ЛШ титулата на Интер“

пред 3 години

Поранешниот спортски директор на Интер, Марко Бранка вели дека Марко Арнаутовиќ пропуштил да направи голема кариера, но додава дека сите го сакале додека бил фудбалер на Интер.

32-годишниот Австриец, кој на ЕУРО 2020 доби казна од еден меч поради националистичките навреди кон Езѓан Алиоски на мечот со Македонија, во 2009/10 беше во Интер, заедно со Горан Пандев, кога тимот на Жозе Мурињо ја освои славната тројна титула (Куп на Италија, скудето и ЛШ). И покрај тоа што цела сезона одигра само три меча, тој најмногу ја прославувал титулата од ЛШ.

„Иако речиси никогаш не заигра за нас, тој ја славеше титулата од Лигата на шампионите најмногу. До шест часот наутро на ‘Сан Сиро’. Беше совршено интегриран во тимот, сите го сакаа и мислам дека научи многу. Не може да се жали, иако со неговите технички и физички квалитети, требаше да оди на многу повеќе“, вели Бранка.

Неодамна и Жозе Мурињо се потсети на авантурата на Арнаутовиќ во Интер.

„Бранка ми кажа дека доаѓа дете од Холандија, и на сред тренинг го забележувам како стои покрај аут-линијата. Тогаш мои напаѓачи беа Ернан Креспо, Хулио Круз, Адријано и Златан Ибрахимовиќ, и тој ми пружа рака и ми вели: ‘Мистер, јас сум подобар од сите нив’“, изјави Мурињо.

Следната сезона, тој замина во Твенте, пред да игра за Вердер, Стоук сити и Вест хем јунајтед, и последната станица Шангај порт во Кина, со кои има договор до декември 2022.

Share
Scroll to Top