Ибрахимовиќ повеќе нема да шутира пенали

Ибрахимовиќ повеќе нема да шутира пенали

пред 3 години

„Следниот пенал ќе го шутира Франк Кеси“, им рекол Златан Ибрахимовиќ на новинарите веднаш по натпреварот со Верона (2:2). Ибрахимовиќ во првиот дел промаши пенал, неговиот удар заврши над голот, а потоа во 93 минута постигна гол за израмнување.

Златан Ибрахимовиќ ги промашил последните три удари од 11 метри, во сите натпреварувања, што е негативен рекорд во најсилните европски шампионати.

Поради тоа решил да одмори од изведувањето на пенали. Самиот потврдил дека наредниот ќе му го препушти на Кеси.

Напаѓачот на Милан ја прокоментирал и фотографијата во дресот на Шведска која минатата недела ја објави на „Инстаграм“.

„Не нема да се вратам во репрезентацијата. Само сакав малку да ги нервирам луѓето во Шведска“, со насмевка на лицето одговорил Ибрахимовиќ.



Share
Scroll to Top