Иванишевиќ: Тренирав со Ѓоковиќ првпат кога имаше 13 години, ми даде чоколадо

Иванишевиќ: Тренирав со Ѓоковиќ првпат кога имаше 13 години, ми даде чоколадо

пред 3 години

Хрватскиот тениски ас, Горан Иванишевиќ, кој сега е дел од тренерскиот тим на светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ, се потсети на својот прв тренинг со Србинот, кој се случил кога Ѓоковиќ имал 13 години пред победата на Иванишевиќ на Вимблдон во 2001 година.

„Игравме еден час, а потоа ми даде малку чоколадо бидејќи мислеше дека ја загубив енергијата. И тогаш беше посебен. Имаше нешто што не се учи, што не се купува, тоа го имате или не. И не беше многу импресиониран што игра со мене, мислам дека уште тогаш сметаше дека може да ме победи“, открива Иванишевиќ.

Хрватот исто така признава дека кога си дел од тимот на Ѓоковиќ на гренд слем турнирите, постојано си под стрес.

„Морате да бидете брзи, да го следите и бргу да размислувате. Секогаш морате да му имате подготвено одговор. Сака да учи, а понекогаш мора ди чекор пред него, бидејќи ќе ве прегази. Искрено, не е лесно. За мене тоа е голем предизвик и чест, но понекогаш си под стрес 24 часа дневно. Не е здраво, но кога ги гледате резултатите и историските остварувања, ви дава сила да одите напред“, додава Хрватот.

Share
Scroll to Top