Ивановиќ го напушти Виртус

Ивановиќ го напушти Виртус

пред 2 часа

Кошаркарскиот клуб Виртус од Болоња објави дека ја прекина соработката со тренерот Душко Ивановиќ. Исто така, клубот потврди дека со Ивановиќ заминал и неговиот помошник, Ненад Трајковиќ.

Ивановиќ го презеде Виртус во декември 2024 година.

Виртус ја заврши таа сезона на 17-то место во Евролигата, а исто така стана и шампион на Италија, по 17-ти пат во историјата.

Претходно, клубот од Болоња беше најдобар и во регуларната сезона.

Последниот натпревар на Ивановиќ на клупата на италијанскиот клуб беше против Армани во 33-то коло од Евролигата, во кое тимот од Милано убедливо славеше како домаќин.

Црногорецот како главен тренер ги водеше и Басконија, Црвена Звезда, Бешикташ, Химки, Панатинаикос, Барселона, Лимож и Фриборг.

Виртус моментално се наоѓа на 15-та позиција на табелата во Евролигата со учинок од 13 победи и 20 порази.

Foto/ virtus.it

Share
Scroll to Top