Игало доби договор со саудискиот Ал-Шабаб

Игало доби договор со саудискиот Ал-Шабаб

пред 4 години

Нигерискиот напаѓач Одион Игало потпиша договор со саудискиот клуб Ал-Шабаб по крајот на позајмицата во Манчестер јунајтед, потпишувајќи двеиполгодишен договор со богатиот клуб.

31-годишниот Нигериец играше на „Олд Трафорд“ како позајмен играч од кинескиот Шангај шенхуа, и постигна пет гола за „ѓаволите“ како прв Нигериец во славниот клуб, но оваа сезона не доби многу шанси.

Ал-Шабаб се на првото место во Саудиската лига по половина сезона во обид да стигнат до својата прва лигашка титула од 2011/12. Таму тој ќе игра покрај Аргентинецот Евер Банега, кој пристигна од Севилја на крајот на минатата сезона како и поранешниот напаѓач на Бетис, Алфред Н’Диаје.

Share
Scroll to Top