Гонзало Игуаин, од минатото лето, игра во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Кариерата на Аргентинецот се движи по надолна линија од 2019 година, кога го носеше дресот на Јувентус.
Фудбалерот играше финале со Аргентина, на СП во Бразил, во САД повеќе се интересира за својот имиџ, отколку за фудбалската кариера.
Со избричена глава и долга брада, 33-годишникот делува непрепознатливо.
„Отсекогаш сум сакал да бидам ќелав. Ја избричив главата и пуштив брада. Понекогаш се ме пече, но ми се допаѓа вака. Се додека и се допаѓам и на мојата ќерка ќе останам ваков“, рекол Игуаин.
Популарниот Пипита, во кариерата, играл во Ривер Плата, Реал, Наполи, Јувентус, Милан и Челси.
What the f*ck happened to Gonzalo Higuain pic.twitter.com/viSNTfBo3l
— FifaCMTips2 (@FifaCMTips2) April 13, 2021