Изненадувачка најава од Вавринка – пензијата е многу близу!

Изненадувачка најава од Вавринка – пензијата е многу близу!

пред 4 години

Трикратниот грен слем шампон, Швајцарецот Станислас Вавринка (35) најави дека се ближи до крајот на својата тениска кариера. Тој во моментов настапува на Мастерс турнирот во Париз каде го мина првото коло откако го совлада Британецот Даниел Еванс со 2-0 во сетови.

„Се ближи крајот, чувствувам дека крајот на кариерата е близу. Сакам да направам уште нешто големо, да дадам се од себе и на најдобар можен начин да ја завршам кариерата. Се обидувам да се вратам при врвот и да бидам еден од најдобрите, се трудам и ќе дадам се од себе што подобро да се подготвам за наредната сезона, па ќе видиме што ќе донесе 2021-та“ рече Вавринка.

Швајцарецот го освои Австралија Опен во 2014-та, Ролан Гарос во 2015, а САД опен во 2016-тата.

Share
Scroll to Top