„Името на „Најки“ ќе стои на предната страна на дресот на Барселона

„Името на „Најки“ ќе стои на предната страна на дресот на Барселона

пред 3 години

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, се обидува да најде спонзори, кои ќе ја поправат тешката финансиска ситуација во која се наоѓа клубот.

Шпанските медиуми тврдат дека Барселона ќе добие нов спонзор на предната страна од дресот, на која сега стои името на јапонската компанија „Ракутен“.

Кадена СЕР, тврди дека Лапорта се подготвува на потег кој досега не е забележан во професионалниот спорт.

Можно е од наредната сезона, на местото на кое сега напишано името „Ракутен“, да стои името на еден од најпознатите спортски брендови „Најки“.

Потегот е невообичаен бидејќи „Најки“ со години го снабдува тимот со опрема.

Според овој извор „Најки“ испратиле понуда до Барселона. Лапорта добил еден месец да одговори на понудата.

Share
Scroll to Top