Мастерс турнирот во Индијан Велс, кој традиционално се одржува во месец март, оваа година ќе биде одржан во октомври, потврдија организаторите.
Минатата година, петтиот Гренд слем, како што го нарекуваат многумина, беше првиот турнир кој не се одржа поради пандемијата на коронавирусот. И оваа година не постоеја услови Индијан Велс да се игра во стандардниот термин, поради што организаторите мораа да најдат алтернативно решение.
Точниот датум за почеток на турнирот ќе биде објавен откако АТП и ВТА, во јуни, ќе ги финализираат своите календари.
Директорот на турнирот, Томи Хас, потврдил дека наградниот финд ќе биде непроменет, што значи дека победниците во сингл, во машак и женска конкуренција, ќе добијат по 1.360.000 долари.
Индијан Велс е исклучително популарен турнир, во 2019 година, мечевите на турнирот ги гледале 450.000 луѓе.