Инсиње е подготвен да го напушти Наполи

Инсиње е подготвен да го напушти Наполи

пред 3 години

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, бил подготвен да го продаде најдобриот играч во тимот, Лоренцо Инсиње. Договорот на Инсиње истекува во јуни 2022 година. Според италијанските медиуми, Наполи нема да го продаде капитенот за помалку од 30 милиони евра.

Напредок во преговорите помеѓу Наполи и Инсиње нема, бидејќи фудбалерот бара поголема плата, а клубот не сака да му ја исполни желбата.

Инсиње како 15-годишник стана дел од Наполи, за првиот тим дебитираше во 2010 година против Ливорно.

Медиумите го поврзуваат со Тотенхем и Барселона, додека од италијанските клубови најголем интерес за Инсиње покажа Фиорентина.

Share
Scroll to Top